Top Sport

Мбапе одбил огромен бонус од ПСЖ

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе одбил бонус што можел да го добие од клубот, пренесува „RMC Sport“.

Според овој извор, 24-годишниот француски репрезентативец нема да го добие бонусот од 80 милиони евра што му следува според актуелниот договор што го има со клубот.

Мбапе на овој начин сакал да покаже дека парите не му се на прво место.

Напаѓачот, кој оваа сезона во француското првенство постигна 13 гола на 11 натпревари, има договор со ПСЖ до крајот на актуелната сезона.

Медиумите веќе со години пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за Мбапе, а последниот демант дека зделката е завршена дојде неодамна од „Сантијаго Бернабеу“.

24-годишниот Французин дојде во ПСЖ на позајмица од Монако во 2017 година, а следната година парискиот клуб го откупи неговиот договор.

Scroll to Top