Top Sport

Пораката на Меси до семејството беше дел од промоцијата на Ватсап

Лионел Меси ова лето, конечно, донесе голем трофеј за Аргентина, освојувајќи ја Копа Америка на „Маракана“ во Рио, и во еден од најемотивните моменти, тој имаше видео-порака до својата сопруга и децата по трофејот.

Сега тој момент беше споделен на социјалните мрежи на аргентинската фудбалска мегаѕвезда, и тоа како јасно посочена реклама на компанијата Ватсап.

„Каков специјален момент. Ова беше веднаш по финалето кога ја прославував титулата од Копа Америка со моето семејство преку Ватсап видео порака“, напиша Аргентинецот.

Видеото веќе е прегледано повеќе од 15 милиони пати, и за него секако, Меси ќе биде добро платен.

Scroll to Top