Top Sport

Поранешната девојка на Антони го обвинува дека ја тепал поради љубомората кон Нејмар

Габриела Каваљин, поранешната девојка на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Антони тврди дека нејзиното поранешно момче било бесно поради тоа што таа ги следела Инстаграм постовите на неговиот соиграч од репрезентацијата, Нејмар, и го обвини дека ја тепал додека таа била бремена.

Ова е последна во низата тврдење на 23-годишната Каваљин за физичкото и психолошкото насилство кое го трпела од Антони, кого го пријави во бразилската полиција. Таа додава дека тој бил бесен што таа споделувала постови од блискиот пријател на Нејмар, Жил Себола, на што Антони реагирал бесно.

Обвиненијата на Каваљин се поголеми од обична љубомора кон Нејмар – Антони е обвинет дека ја удрил со глава девојката и дека ја исекол со скршена чаша.

„Тој ми кажуваше дека ако не сум со него, нема да сум со никого. Му кажав дека сум бремена, дека ме плаши, се тресев од страв. Еднаш ме удри во градите и морав да одам на операција за силиконот. Потоа ме заклучи дома, ми ги искрши работите ми го зеде пасошот“, вели Каваљин за „УОЛ“.

Scroll to Top