Top Sport

Покетино: Само прашање е на време кога Челси ќе биде многу подобар тим

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, не беше воодушевен од поразот со 0:1 од Нотингем Форест на „Стемфорд Бриџ“. Тој призна дека неговиот тим не се претставил на потребното ниво, но истакна дека е прашање на време кога „сините“ ќе ја подобрат својата игра и резултатите.

„Не бевме доволно прецизни во двете фази од играта. Направивме една грешка, потоа создававме шанси, но кога не постигнуваш гол, не можеш да победиш. Ваков натпревар ќе ни помогне да растеме. Во фудбалот, статистиката понекогаш не го отсликува точно она што се случува на теренот. Имавме шанси, но не постигнавме гол бидејќи имавме малку прецизни удари“, изјави Покетино.

Тој вели дека Челси е во период на трансформација.

„Во моментов градиме нешто и нормално е да имаме подеми и падови. Засега немаме среќа бидејќи мислам дека заслуживме повеќе на натпреварите со Вест Хем и со Нотингем Форест. Но, како што кажав претходно, само прашање на време е да ги подобриме нашите перформанси“, додаде аргентинскиот стратег.

 

Scroll to Top