Поранешниот селектор на Македонија и велшка фудбалска легенда, Џон Тошак е во одделот за интензивна нега во болница во Барселона во критична состојба, јавуваат шпанските медиуми.
Екснапаѓаот на Ливерпул, Свонси и Кардиф, 72-годишниот Тошак бил хоспитализиран во понеделникот со сериозна пневмонија предизвикана од коронавирусот, а од саботата е а вентилатор.
Тошак беше фудбалер на Кардиф пред фантастичните настапи за Ливерпул во 1970-тите, со кои освои три лигашки титули, пред да стане играч-менаџер на Свонси. Тошак стана селектор на Македонија во август 2011 година, но со нашата репрезентација стигна до една победа во осум меча, пред во август 2012 да му биде раскинат договорот откако го одби барањето на тогашниот претседател на ФФМ, Илчо Георгиевски да се пресели во Македонија.