Top Sport

Поранешниот претседател збесна: Валенсија е мртва, Петер Лим сака само пари

Пако Роиг, поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Валенсија, влезе во напад на сегашната сопственичка структура предводена од бизнисменот од Сингапур Петер Лим дека го интересираат само парите и дека уништил еден од најславните шпански клубови.

Валенсија се наоѓа во битка за обезбеди опстанок по катастрофална сезона во која го отпуштија тренерот Џенаро Гатузо бидејќи не можеа да му ги донесат потребните засилувања. Навивачите на Валенсија исто така неколку пати во последните години протестираа против Лим, но ситуацијата не се смени.

„Валенсија е мртва, целосно мртва. Зошто? Бидејќи има претседател кој е копиле. Тој мисли само на парите од трансферите и затоа тимот постепено се уништува. Нема никаква љубов кон Валенсија, ссака само пари. Луѓето во својот живот мора да имаат страст, емоции, љубов, овој нема ништо. Но, џабе зборувам, без некој да ја преземе Валенсија, ќе продолжи да биде вака“, вели Роиг, кој беше претседател на „Ел че“ од 1994 до 1997 година.

Scroll to Top