Top Sport

(Видео) Норвежанецот Лекнесунд е нов лидер на Џиро Д’Италија

Французинот Орелиен Паре-Пентр е победник на 4. етапа на Џиро Д’Италија, негов прв триумф на една од големите три трки, додека Норвежанецот Андреас Лекнесунд ја презеде розевата маичка од Ремко Евенепел по првиот планински тест на тринеделната трка.

23-годишниот Лекнесунд нападна во групата која се одвои на крајот на етапата од Веноса до Лаго Лачено, во етапа со многу малку рамни делови. Парет-Пентр беше единствен кој го следеше Норвежанецот на искачувањето од втора категорија, Коле Моела и потоа го победи во спринтерски финиш. Холанѓанецот Томс Скајнис беше трет со 57 секунди послабо време.

Евенепел заврши во главната група со 2:01 заостанување и сега има 28 секунди послабо време од Лекенсунд во генерален пласман. Утрешната петта етапа, исто така има две големи искачувања од стартот во Атрипалда, пред рамниот финиш во Салерно.

Scroll to Top