Хајдук е пред завршување на фантастична фудбалска зделка, продавајќи го својот 16-годишен стопер, Лука Вушковиќ на Пари Сен-Жермен за 10.5 милиони евра, јавува „Индекс“.
Според нивните информации зделката веќе е договорена и Хајдук ќе добие дополнителни бонуси, како и 20 отсто од следната потенцијална продажба на еден од најталентираните хрватски фудбалери.
Вушковиќ има само осум настапи за сениорскиот тим на Хајдук со еден гол, но беше дел од младинската екипа на клубот од Сплит, која стигна до финалето на Младинската лига на шампиони и загуби со 5:0 од АЗ Алкмар.
Досега, највисок трансфер на Хајдук во историјата е трансферот на Никола Влашиќ во Евертон во 2017 за 10.8 милиони евра.