Top Sport

Поранешниот тренер на Реал, Солари си најде нова работа

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари е нов тренер на мексиканскиот гигант Америка, прва работа за Аргентинецот откако си замина од „Бернабеу“ во 2019 за да направи место за враќањето на Зинедин Зидан.

Америка беа без тренер од пред Божиќ кога го откуптија Мигуел Ерера по елиминацијата во Лигата на шампиони на ЦОНЦАЦАФ од Лос Анџелес ФЦ.  Солари, кој помина повеќе од една деценија како фудбалер и тренер во младинските тимови на Реал Мадрид, си замина од „меренге“ во март 2019.

Солари играше за Мадрид од 2005 до 2010, а беше фудбалер и на Интер, Атлетико Мадрид и Ривер плата, почна со тренерската работа со младинскиот Кадете Б тим на Реал во 2013. Во 2016 тој беше промовиран во тренер на Б-тимот, Кастилја, поминувајќи две сезони во третата лига во Шпанија, и беше промовиран во прв тренер кога Хулен Лопетеги беше отпуштен по само неколку недели во сезоната 2018/19. По елиминацијата од ЛШ од Ајакс во четврт-финалето, тој доби отказ.

Scroll to Top