Фудбалерите на Војводина го победија Рад со 3:0, во 15 коло во Сперлигата на Србија, а натпреварот го обележа поранешниот играч на Вардар, Дамир Којашевиќ, кој постигна гол директно од корнер.
Којашевиќ во 21 минута го отвори резултатот со гол каков што ретко се гледа на фудбалските терен. Репрезентативецот на Црна Гора потигна гол директно од корнер.
Војводина по 15 натпревари во Суперлигата има 30 бодови, седум помалку од Црвена звезда која е лидер и три помалку од второпласираниот Партизан.
Дамир Којашевиќ за Вардар има одиграно 40 натпревари на кој постигна 13 голови.