Шериф е најголемото изненадување по првите две кола во Лигата на шампионите. Клубот од Молдавија, неочекувано со две победи, ја предводи табелата во Д-групата пред великаните Реал и Интер.
Шериф пред три недели ја направи најголемата сензација, не само оваа сезона, туку и во историјата на лигата на шампионите, со победата над Реал во Мадрид (1:2).
„Победата на „Бернабеу“ е најголемиот успех во мојата кариера“, изјавил за „Франс прес“, 27-годишниот напаѓач на Шериф, Франк Кастањеда.
Шериф, утре ќе гостува на „Сан Сиро“. Кастањеда најавува дека неговиот тим може да го изненади и Интер.
„Мораме да веруваме во себе, мораме да веруваме во нашата работа. Знамеме дека ние и понатаму сме Шериф, мал клуб во големо натпреварување, но ние сакаме да го покажеме потенцијалот што го поседуваме. Со таков став ќе истрчаме на „Сан Сиро“, мораме да покажеме дека можеме да победиме. Во фудбалот се може да се случи“.
Шесте бода по првите две кола го зголемија оптимизмот дека Шериф може да се пласира во нокаут фазата.
„Сега се зависи од нас, мораме да одиграме добри натпревари, да се обидеме да собереме што е можно повеќе бодови. Само што не смееме да заборавиме дека играме против големи клубови, кои можат да ни нанесат штета во секој дел од натпреварот“, заклучил Кастањеда.
Натпреварот Шериф-Интер се игра утревечер во Милано.