Top Sport

Пораз за Белгија, убедлив триумф на Србија

Фудбалската репрезентација на Белгија немаше добра увертира за Светското првенство во Катар. Белгијците го загубија пријателскиот натпревар против Египет со 1:2. Мостафа Мохамед и Трезеге беа стрелци за Египќаните, а Лоис Опенда погоди за Белгија.

Србија оствари убедлив триумф (1:5) на гости против Бахреин. Душан Тадиќ го отвори резултатот, а израмни Хилал од пенал во 15.минута. До крајот доминираа српските репрезентативци.

Тадиќ постигна нов гол за предност, а потоа стрелаа и Влаховиќ, Ѓуричиќ и Јовиќ.

Scroll to Top