Top Sport

Поразот од Барса донесе отказ за тренерот на Валенсија

Тренерот на Валенсија, Чави Гарсија доби отказ од кормилото на „лилјаците“ по синоќешниот пораз на „Местаља“ од Барселона до 3-2.

Се чини дека поразот од Барса ја прели чашата кај раководството на Валенсија поради загрижувачки слабата форма на тимот во изминатиот период.

„Лилјаците“ изминатите 6 кола немаат триумф во Ла Лига, па сега паднаа на 14-тата позицијата на табелата.

Гарсија на чело на клубот беше на 38 натпревари, и притоа забележа 11 победи, со 12 реми исходи и дури 15 порази.

Ова претставува трет најслаб скор во историјата на тренерите на Валенсија.

Салвадор Гонзалес Воро е именуван за привремен тренер до крајот на сезоната.

Во последните четири кола, Валенсија се среќава со три тима кои се под нив на табелата и најверојат 2 победи би биле доволни за опстанок во Ла Лига.

Scroll to Top