Top Sport

Порто го продаваат Мбемба – тврди дека има 27 години, тие веруваат дека има 31

Порто нема да му понудат нов договор на дефанзивецот Шансел Мбемба, откако сметаат дека тој лажел за својата возраст целата кариера и дека нема 27 години, туку 31.

Поранешниот фудбалер на Њукасл, според „Кориеро де Мања“, на своите блиски пријатели им признал дека е роден во 1990 година, што значи дека има 31 година, иако постојано тврдел дека има 27 години. Возраста на Мбемба во текот на целата кариера е контроверзна – во 2013 беше откриено дека имал доставено четири различни датуми за својата возраст.

Според весникот, Мбемба го сменил датумот на своето раѓање кога се обидувал да направи трансфер од родното Конго во белгискиот Андерлехт во 2012 година. Во 2013, членот на Конгоанската фудбалска федерација откри дека го сменил датумот на раѓање за 1991 за да може да игра на Олимпијадата во 2012 година.

Scroll to Top