Top Sport

Мекинро: Ова ќе го удри тешко, Ѓоковиќ толку многу работеше да биде сакан

Американската тениска легенда, Џон Мекинро вели дека Новак Ѓоковиќ тешко ќе се „опорави“ од скандалот околу неговото депортирање од Австралија неколку дена пред да ја почне одбраната на титулата од Мелбурн, бидејќи светскиот број 1 работел многу напорно на подобрување на својот имиџ.

Сега постојат многу прашања дали тој ќе може да го продолжи „походот“ кон 21. гренд слем титула, откако Франција најави дека нема да прима невакцинирани тенисери на Ролан Гарос на следниот гренд слем, а иако може да влезе во Англија за Вимблдон, турнирот уште не ги потврдил барањата за вакцинација.

„Нема прашање дека ова ќе го удри тешко. Сега има несигурност околу Франција опен, таму ќе мора да се вакцинира, а што е со Вимблдон? Не му е грижа за другите мали турнири, и ова е несреќна ситуација за човек кој работеше толку напорно да биде сакан. Тешко е да те сакаат и јас добро знам како е кога луѓето се против тебе. Кога загуби од Данил Медведев на САД опен, кажа дека најмногу ја ценел реакцијата на публиката. Во Австралија го сакаа најмногу, а таму не му дадоа да игра. Не знам што ќе се случи во иднина. Тој е ментално најсилниот тенисер, но сега си направи тешкотии со тоа што не се вакцинираше“, вели Мекинро во интервју за „Јуроспорт“.

Scroll to Top