Лигата на шампиони продолжува со нови два осмина-финални натпревари, двата ќе се одиграат на Пиринејскиот полуостров, шампионот на Италија, Јувентус ќе гостува во Порто, а акктуелните освојувачи на Лига Европа, Севилја ќе ги пречекаат „милионерите“ од Дортмунд.
Порто и Јувентус покрај големиот број на освоени трофеи ги врзува и променливата форма оваа сезона. Великаните не блескаат, а како стојат работите, сезонава нема да ги освојат титулите во своите првенства.
Португалците не се наивен тим и тоа треба да го имаат во предвид избраниците на Андреа Пирло. Цела деценија трофејот во најпрестижното клупско натпреварување е главана цел на „старата дама“, но ниту Кристијано Роналдо, засега, не успеа да ги приближи до него.
Порто со пласманот во осмина-финалето ја оствари целта, се понатаму за нив ќе биде голем плус.
Во шпанската покраина Андалузија, ќе играат тимови чија форма е дијаметрално спротивна. Севилја блеска во Ла Лига и Купот на Шпанија, во серија се од шест победи, а на пет од тие шест не примиле гол.
Борусија Дортмунд и покрај неспорниот талент и квалитет што го поседува, тоа на теренот не го покажува. „Милионерите“ се на шесттото место во Бундес лигата. Ниту смената на тренерот не успеа да го раздвижи тимот.
Двајцата тренери, Хулен Лопетеги и Един терзиќ, имаат кадровски проблеми пред овој меч. Во Севилја ќе ги нема Лукас Окампос, Хесус Навас, Маркос Акуња и Оскар Родригез, на спротивната страна ќе отсуствуваат голманот Роман Бурки, односно Тома Муние, Марсел Шмелцер, Дан-Аксел Загаду и Аксел Вицел.
Натпреварите на „Драгао“ во Порто, односно „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја ќе започнат во 21 часот.