Португалскиот фудбал ни носи уште една приказна поврзана со окултното и фудбалот, откако весникот „Абола“ тврди дека Порто има вработено вештерка која ја плаќаат 15.000 евра месечно за да помогне тие да ја освојат титулата.
Според нивните извори, претседателот на клубот Жорге Нуњо Пинто да Коста ја вработил Мадалена Аросо, официјално како „доктор“ во тимот, со што таа е најдоброплатената вработена во Порто, нешто што наиде на лута реакција на навивачите.
Аросо навдно е „видовита“ личност, која може да гледа во иднината и да предвидува резултати на мечеви, и била вработена ова лето за да помогне Порто да ја врати титулата која ја загуби од Спортинг Лисабон минатата сезона. И засега, очигледно функционира – тимот на Сержо Консеисао е на првото место на табелата по 14 меча, со подобра гол-разлика од Спортинг и ист број на поени и четири пред Бенфика.
Ова не е првпат окултното да се поврзува во португалскиот фудбал. Во 2017 година, портпаролот на Порто, Франциско Маркес го обвини тогашниот претседател на Бенфика, Филипе Виеира (кој беше уапсен за даночна измама), дека со вештерство се обидува да ја освои титулата. Тогаш Бенфика го ангажирала Армандо Нага, „полицискиот комесар“ од Гвинеја-Бисау. Бенфика тогаш ја освои двојната титула.
Во 1987 година, пак, Порто го ангажираше парапсихологот Делане Виеира да пушти две жаби на „Пратер“ стадионот во Виена за да помогне да се освои Европскиот куп – Порто ја освои првата европска титула со 2:1 победа над Баерн Минхен.