Top Sport

Португалците го продолжија договорот со Сантош

Фудбалскиот сојуз на Португалија и селекторот Фернандо Сантош ја продолжија соработката до 2024 година.

Селекторот Сантош во 2014 година ја предводеше Португалија до титулата на Европското првенство во Франција. Искусниот тренер од Сојузот ја доби довербата да го предводи националниот тим на на наредните три големи натпреварувања.

Наредната сезона Португалците ќе ја бранат европската титула, потоа следуваат Светското првенство во Катар во 2022 година и Европското првенство во Германија во 2024 година.

„Лесно ја донесов одлуката. Сантош е голем победник. Поради тоа потпишавме нов договор“, изјавил првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Португалија Фернандо Гунеш.

Фернандо Сантош ја презеде Португалија по завршувањето н Светското првенство во 2014 година. Покрај европската титула тој со Португалија успеа да победи и во премиерното издание во Лигата на нации.

Scroll to Top