Top Sport

Суспендиран светскиот првак на 100 метри – бегал од допинг тестовите

Единицата за интегритет на атлетиката (АИУ) му изрече привремена суспензија на светскиот шампион на 100 метри Кристијан Колман. Американецот ги прекршил анти-допинг правилата поради што би можел да ги пропушти Олимписките игри во Токио наредната година.

АИУ му изрече суспензија на Колман бидејќи тој пропуштил три тестирања во последните 12 месеци. Според правилникот тоа може да резултира со забрана за настап во траење од 12 или 24 месеци.

„АИУ ја потврдува привремената суспензија на Кристијан Колман поради непочитување на анти-допинг правилата“, објави АИУ.

Колмен знаел дека му се заканува суспензија, неколку часа пред таа да му биде изречена тој објавил на „Твитер“ дека ќе биде суспендиран.

Колман најавил дека ќе се жали на оваа одлука.

Scroll to Top