Фудбалската репрезентација на Португалија, против Република Ирска и Србија, има можност да обезбеди директен пласман на Европското првенство. Португалците, утре гостуваат во Ирска, а в недела ќе ја пречекаат Србија.
Србија, со натпревар повеќе, ја предводи А-групата со 17 бодови, Португалците имаат бод помалку. Останатите селекции немаат шанси за првите две места во групата.
Утревечер, во Даблин, Португалија ќе биде без Бернардо Силва. Фудбалерот на Манчестер сити има проблем со мускулот. Фернандо Сантош е оптимист дека Силва ќе биде подготвен за Србија.
„Мислам дека ќе игра против Србија. Имаме такви сознанија. Дојде на подготовките многу уморен, се жалеше дека многу натпревари се пред него и дека не може да тренира. Добро оди рехабилитацијата, ќе биде подготвен за Србија. Тој нема да патува со нас во Ирска, ќе остане во Лисабон за да работи со нашиот медицински тим. Во петок би можел да тренира со соиграчите“, рекол португалскиот селектор.