Top Sport

Потер ја презеде одговорноста за најновиот пораз на Челси

Челси го допре дното откако загуби дома (0:1) и од последнопласираниот тим во Премиерлигата, Саутемптон. Менаџерот на тимот Грем Потер изјави дека ја презема целосната одговорност за поразот.

„Мислам дека одигравме под нашите можности во првото полувреме. Нашето ниво на игра беше премногу лошо. Во второто полувреме имавме шанси, но недостигаше реализација. Ова ја одразува нашата моментална состојба, а јас ја преземам одговорноста за слабите игри и резултати“, изјави Грем Потер.

Челси нема победа на последните четири натпревари во Премиерлигата, а во моментот се наоѓа на десеттата позиција на табелата.

Scroll to Top