Top Sport

Потер: Разочаран сум што не победивме

Грем Потер не е задоволен откако неговото деби на кормилото на Челси заврши со реми 1:1 на домашен терен против Салцбург во Лигата на шампионите. Рахим Стерлинг ги доведе „сините“ во водство на почетокот на вториот дел, но грешката во одбраната им помогна на Австријците да израмнат преку Ноа Окафор.

„Разочарани сме од резултатот. Мислам дека момците дадоа се од себе. Постигнавме убав гол, но потоа нивниот голман имаше неколку добри одбрани. Карактерот и посветеноста беа на ниво, ќе се подобриме. На Рахим му дадовме можности доволно често да игра еден на еден и голот дојде како резултат на тоа. Секогаш е разочраувачки кога ќе примите гол. Генерално, нашите дефанзивни перформанси беа повеќе од задоволителни, но треба да подобриме некои мали детали“, изјави Грем Потер.

Тој беше назначен за нов менаџер на Челси минатиот четврток, доаѓајќи од Брајтон за да го замени Томас Тухел, кој беше отпуштен по изненадувачкиот пораз (1:0) од Динамо Загреб на стартот од Лигата на шампионите.

Еден бод од првите два меча ги остава „сините“ на последното место во групата Е, со три бода зад лидерот Милан.

Scroll to Top