Top Sport

Потер збунет од свирежите на навивачите на Брајтон: Можеби не ја знам историјата на клубот

Менаџерот на Брајтон, Греем Потер вели дека не сфаќа зошто навивачите на клубот го исвиркаа неговиот тим по вчерашното 0:0 реми со Лидс, очигледно не сфаќајќи што повеќе сакаат од клубот со ограничени средства.

Брајтон се осми во Премиерлигата по шестото реми во последните осум меча, а против Лидс имаа повеќе од играта и далеку повеќе шанси, и само Челси, Ливерпул и Манчестер сити имаат помалку порази од нив.

„Знаете, тие имаат право на свое мислење, но јас целосно не се согласувам. Морате да го сфатите фудбалот, да сфатите против кого игравме, како игравме и што направивме. Мислам дека сме осми во Премиерлигата, но можеби треба се запознаам повеќе со историјата на нашиот фудбалски клуб“, вели 46-годишниот Потер.

Последните две сезони Брајтон беа на 15., односно 16. место во Лигата, додека најдобриот пласман по враќањето во Премиерлигата во 2017 е само 15. место.

Scroll to Top