Top Sport

Таткото на Ѓоковиќ: Новак нема дозволи Австралија да го уценува

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, најави дека неговиот син најверојатно нема да оди на десетта титула од Австралија опен поради задолжителното вакцинирање, оценувајќи дека организаторите на турнирот решиле да ги уценуваат најдобрите тенисери на светот.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Австралија опен, Крег Тили во саботата уште еднаш потврди дека право на настап на првиот гренд слем во 2022 ќе имаат само тие кои примиле вакцина за КОВИД-19.

„Околу вакцинирањето и невакцинирањето, право на секој човек е да одлучи. Никој нема право да навлегува во тие интимни прашања и тоа е со устав загарантирано право. Дали Новак ќе каже дали е вакциниран, не знам, искрено ни јас не знам дали се вакцинираше, бидејќи тоа е негово право. Тие на власт во покраините на Австралија си земаа за право да го прозиваат деветкратниот шампион. Тој би сакал да биде во Мелбурн, но под вакви уцени и услови, најверојатно нема да оди. Јас не би одел“, вели Срѓан Ѓоковиќ во интервју за српската „ТВ Прва“.

Постои можност Ѓоковиќ да отиде во Австралија и да помине низ карантин и без вакцина.

„Може карантин, но 14 дена да биде затворен во хотелска соба. Како потоа да игра на турнирот?“, додава постариот Ѓоковиќ.

Scroll to Top