Top Sport

Џикиќ повеќе не е тренер на КК Будуќност

Александар Џикиќ повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Будуќност од Подгорица, неофицијално дознава Спортклуб.

Џикиќ минатата сезона успеа да ја освои шампионската титула и со Будуќност да избори пласман во Евролигата. отказот е последица на серијата од шест порази, четири во Евролигата (Гран Канарија, Ефес, Фенербахче и Баерн) и два во АБА лигата (Цибона и Крка).

Српскиот тренер, кој во минатото ја предводеше и македонската репрезентација, доби отказ во чувствителен момент, бидејќ утре во дербито на 13.коло во АБА лигата, Будуќност ќе гостува кај Црвена ѕвезда.

Во пресрет на дербито Црвена ѕвезда има максимални 12 победи, додека Будуќност има скор од осум победи и четири порази.

Scroll to Top