Top Sport

Потврдена четиригодишната казна на Санти Мина за силување

На напаѓачот на Селта Виго, Санти Мина му е потврдена четиригодишната затворска казна поради силување од страна на апелациониот суд во Андалузија. 27-годишниот Шпанец е обвинет дека сексуално нападнал жена во Алмерија во 2017 година, и првично беше осуден на четири години, казна која сега му е потврдена и тој ќе плати дополнителни 25.000 евра воо отштета.

Бидејќи е веројатно тој да се жали пред Шпанскиот врховен суд, нема да оди на отслужување на казната веднаш. Во средата, Мина се врати на тренинзи со Селта, откако минатата сезона играше како позајмен играч во саудискиот клуб Ал-Шабаб.

Мина има уште една сезона од договорот со Селта, така што е многу веројатно уште еднаш да оди на позајмица.

Scroll to Top