Top Sport

Бразилецот Лемос ново засилување за Вардар

Повратникот во Првата лига, Вардар, по ангажирањето на Владица Брдаровски, се пофали со второто засилување во летниот преоден рок, промовирајќи го Бразилецот Матеус Лемос.

Лемос последните две сезони настапуваше во тимот на Македонија Ѓорче Петров.

„Матеус Лемос е нов фудбалер на ФК Вардар!
Бразилецот кој има 26 години, е второто големо засилување во редовите на нашиот клуб.
Матеус доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров, каде настапуваше две сезони, освојувајќи две куп титули.
Му посакуваме добредојде, а до сите навивачи упатуваме апел, да се приклучат кон акцијата за купување на членски карти, бидејќи така директно го помагате функционирањето на клубот!“, се вели во објавата на Вардар.

Scroll to Top