Top Sport

Повик за штрајк на фудбалерите во Франција ако Лига 1 не се прошири на 22 клуба

Поранешниот тренер на ПСЖ и Тулуз, Антоан Комбуаре ги повика фудбалерите во Франција следната година да штрајкуваат ако Лига 1 не се прошири на 22 клуба по големиот број на контроверзи поради предвремено завршената сезона.

Лига 1 се откажа од сезоната откако француските власти објавија дека не се дозволени спротски натпреварувања до 1 септември, ПСЖ беа прогласени за шампиони, а Амиен и Тулуз завршија во втората лига.

Амиен, кои испаднаа поради „коефициентот“ на поени по натпревар, и Лион, кои поради иста причина останаа без европски фудбал првпат по повеќе од 20 години, веќе се заканија со тужба, а Комбуаре вели дека фудбалерите треба да штрајкуваат доколку Амиен и Тулуз не се „спасени“.

„Фудбалеритеи тренерите мораат да се согласат на штрајк на стартот на новата сезона. Ќе има откази насекаде во фудбалот, дури и во аматерските клубови. Да се натераат дел од фудбалерите да ја завршат кариерата на ваков начин е неправедно“, вели Комбуар за „Л’Екип“.

Scroll to Top