Top Sport

Повлечен црвениот картон на Сон за стартот по кој Гомеш остана со скршена нога

Црвениот картон кој Сон Хеунг-Мин го доби за стартот на Андре Гомеш, по кој фудбалерот на Евертон доби страшна фрактура на ногата е повлечен од страна на Фудбалската асоцијација (ФА).

Судијата Мартин Еткинсон прво му покажа жолт картон на Сон, пред да ја смени одлуката кога ја виде повредата на Португалецот. Независната комисија на англиската ФА го повлече картонот, откако ТВ-снимките покажаа дека Гомеш ја доби повредата по стартот на корејскиот напаѓач на Тотенхем и пред судирот со Серж Орие.

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино тврдеше дека Сон немал намера да го повреди Гомеш и сметаше дека требаше да се искористи ВАР-системот во текот на мечот.

Гомеш е пуштен од болница по операцијата на десниот скочен зглоб и првите прогнози велат дека ќе има целосно опоравување.

Евертон до реми со Тотенхем по хорор-повредата на Андре Гомеш (вознемирувачко видео)

Scroll to Top