Top Sport

Серија А бара да има пет замени во секој меч!

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) официјално аплицираше за дозвола клубовите во Серија А да имаат шанса да користат пет замени во еден меч.

Претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина веќе пратил апликација до Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ) барајќи промена, бидејќи ИФАБ, а не ФИФА ги контролира правилата на фудбалската игра.

Ова нема да биде новост во Италија, бидејќи клубовите во Серија Ц и Серија Д веќе имаат ваква можност. Ако барањето се дозволи, Серија А ќе стане првата голема европска лига која има вакви правила.

Scroll to Top