Македонскиот репрезентативец Енис Барди, поради повредата на грбот, неколку недели нема да биде во тимот на Леванте. Барди, минатиот четврток, не играше против Грузија во Тбилиси, кога Македонија со голот на Горан Пандев, обезбеди пласман на Европското првенство.
Барди не патуваше со репрезентацијата, туку се врати во Валенсија, на дополнителни прегледи.
„Македонскиот фудбалер страда од акутна хернија на грбниот диск. Фудбалерот ги чека резултатите од уште неколку тестови, но не се исклучува можноста да замине на операција“, пишува „Марка“ повикувајќи се на соопштението што го издаде клубот на Барди, Леванте.
Според овој извор, сигурно е дека Леванте неколку недели ќе бидат без Енис Барди.