Top Sport

Повредата на Коман не е сериозна

Кингсли Коман не е сериозен повреден и веројатно ќе игра против Ливерпул во Лигата на шампионите, објави во саботата „Билд“.

Францускиот репрезентативец, во петокот, со два гола и асистенција му помогна на Баерн да триумфира над Аугсбург (3:2). Во претпоследната минута тој се пожалил на болка во левото стапало.

Утрово, дополнителните прегледи со магнетна резонанца, покажале дека повредата не е сериозна. Во клубот се убедени дека тој ќе биде во составот што ќе настапи против Ливерпул на 19 февруари, во првиот осмина-финален дуле во Лигата на шампионите.

Коман има проблеми со повредите, во изминатите три години тој пропуштил 60 натпревари, најмногу поради двете операции на лигаментите, на скочниот зглоб на левата нога.

Scroll to Top