Top Sport

Повредата на Митровиќ ги мачи Србите

За девет дена почнува Светското првенство во Катар. Тоа ќе биде прво големо натпреварување за српската репрезентација по Светското првенство во Русија 2018, кога испадна во групната фаза. На овој Мундијал, Србија се наоѓа во речиси идентична група.

Заедно со Бразил и со Швајцарија, со кои играше и пред четири години, противник на Србија ќе биде и Камерун.

Очекувањата во соседната земја се големи, но непосредно пред турнирот пристигнаа многу загрижувачки вести.

Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, кој ги предводеше Србите во Катар со победничкиот гол во Португалија, има две помали скршеници на стапалото и најверојатно нема да настапи на последниот меч на Фулам пред паузата.

Тоа што многу повеќе ги загрижува Србите е фактот што не знаат во каква состојба Митровиќ ќе замине во Катар. Засега не е познато дали ќе може да се опорави пред првиот натпревар со Бразил.

Напаѓачот на Фулам се повреди на натпреварот меѓу Србија и Шведска на кој постигна хет-трик, но доби силен удар од Линделоф и неговата повреда значително се влоши на следните натпревари.

Селекторот Драган Стојковиќ го одреди списокот со 26 имиња кои ќе патуваат на СП во Катар.

Scroll to Top