Top Sport

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова и двајца од Шкендија биле позитивни на вирусот Ковид-19.

Ренова и Шкендија ги откажале тренинзите, заразените добиле инструкции да останат во изолација, а клубовите чекаат понатамошни инструкции од Институтот за јавно здравје и Фудбласката федерација на Македонија.

Информацијата дека има заразени во Ренова и Шкендија на својата „Фејсбук“ страница ја сподели Синдикатот на фудбалери на Македонија.

„Денес за жал немаме убава вест. По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба ФК Ренова и ФК Шкендија имаме позитивни случаеви на Ковид-19.

По повторената анализа во лабораторијата на „Аџибаден Систина“ за жал имаме позитивни случаеви. Информацијата ја имавме уште касно синоќа но чекавме повторена анализа.

Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани.

Имињата на заразените се уредно доставени до ФК Ренова и ФК Шкендија во текот на денот. Позитивните на Ковид-19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин.

Четворица позитивни има во таборот на ФК Ренова и двајца во таборот на ФК Шкендија.

Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од Првата македонска лига.“

фото/facebook.com/fcshkendija

Scroll to Top