Top Sport

Познат е терминот за првото „Ел Класико“ оваа сезона

Шпанската Ла Лига го потврди терминот во кој ќе се одигра првото „Ел Класико“ оваа сезона. Реал Мадрид ќе ја пречека Барселона во недела на 16. октомври од 16 часот и 15 минути.

На нешто повеќе од три недели пред дербито, јасно е дека Барселона во него ќе влезе со сериозни кадровски проблеми. Неколку играчи на Барселона се повредија настапувајќи за своите репрезентации. За разлика од Чави, Карло Анчелоти, барем засега на располагање ги има сите фудбалери.

Роналд Араухо заработи повреда, во првата минута од натпреварот со Иран. Поради оваа повреда неизвесен е неговиот настап и на Светското првенство. Жил Кунде се повреди против Австрија, прогнозите се дека ќе паузира еден месец. Исто така повреда има и Мемфис Депај.

Не треба да се заборави дека пред „Ел Класико“ Барса има двомеч со Интер во Лигата на шампионите, а на крајот на октомври ја очекува и пресметката со Баерн, додека Реал има релативно лесен распоред. Во текот на октомври, ривали ќе му бидат Осасуна, двапати Шахтјор, Хетафе, Елче, Севилја, Лајпциг…

Scroll to Top