Човекот кој го судеше епското полу-финале на Светското првенство во Бразил и кој на истиот Мундијал го исклучи Луис Суарез, во иднина ќе работи како тренер. Марко Антонио Родригез стекна тренерска лиценца и е назначен за нов тренер на членот на третата шпанска лига, Саламнка.
Мексиканецот Родригез судел на три Светски првенства (Германија, Јужна Африка, Бразил), а во својата земја стана познат кога на еден меч, држејќи жолти картони во левата и десната рака опоменал двајца играчи. Ова не е дозволено поради што бил суспендиран од Мексиканскиот сојуз.
На СП во 2014 година му покажа црвен картон на Луис Суарез кога Ургаваецот го гризна Џорџо Кјелини на мечот Италија-Уругвај, а беше главен судија и во полу-финалето Германија-Бразил (7:1).
Овој меч е последен во неговата кариера како судија, потоа работел како спортски новинар, а во иднина ќе биде тренер.