Менаџерот на тренерот на белгискиот шампион Бриж, Иван Леко и хрватскиот репрезентативец Иван Сантини од Андерлехт, Драган Силјаноски е Македонецот што е приведен од страна на белгиските власти во акцијата „Чиста рака“, која разоткрива голем корупциски скандал во белгискиот фудбал.
Оваа информација, во петокот, ја објавија медиумите во Белгија, повикувајќи се на извори во федералното обвинителство.
Силјаноски бил уапсен под сомнение за перење на пери и соработка со криминална организација.
Белгиската полиција во соработка со неколку полиции од други држави, во средата, ја започна големата акција уапси неколку познати фудбалски имиња под сомнение за местење натпревари, перење на пари и соработка во криминална организација.
Во склоп на акцијата бил извршен претрес во 44 објекти во Белгија и странство. Меѓу уапсените е и тренерот на шампионот Клуб Бриж, Хрватот Иван Леко. Покрај него приведени се српскиот менаџер Дејан Вељковиќ, менаџерот со иранско потекло Моџи Баја, поранешниот тренер на Андерлехт Херман ван Холсбек и судиите Себастиен Делферир и Барт Вертенен.
Според белгиските медиуми главен во операцијата бил Бајат.
Полициската акција „Чиста рака“, се води во сите поголеми клубови во Белгија. Полицијата вршела претрес во Андерлехт, Клуб Бриж, Генк, Гент, а под истрага биле уште 10 клуба.