Top Sport

Познати се полуфиналните двојки во Лига купот

Фаворитите Ливерпул и Челси се избегнаа во полуфиналето во Лига купот на Англија.

Екипата на Ливерпул во четвртфиналето го декласираше Вест Хем со 5:1, а Челси по изведувањето на пенали го елиминира Њукасл.

Во полуфиналето Ливерпул ќе игра против Фулам. Екипата од Лондон, во претходната рунда по изведувањето пенали го елиминираше градскиот ривал на Ливерпул, Евертон.

Челси ќе се соочи со членот на Чемпионшип дивизијата Мидлсброу, кој во четвртфиналето без проблеми славеше кај Порт Вејл со 3:0.

Во оваа фаза се играат по два натпревари. Фаворитите Ливерпул и Челси ќе бидат домаќини на 8 јануари. Реваншите се на програмата две недели подоцна.

Scroll to Top