Top Sport

Суперлигата е жива, судот на ЕУ пресуди против ФИФА и УЕФА

Судот на Европската унија (ЕУ) ја донесе долгоочекуваната пресуда за блокирањето на европската Суперлига. Судот пресуди дека УЕФА и ФИФА незаконски го блокирале формирањето на ова натпреварување, а нема сомнеж дека одлуката ќе предизвика земјотрес во светот на фудбалот.

Во пресудата се наведува дека ФИФА и УЕФА ја злоупотребиле својата позиција и влијание за да го блокираат создавањето на Супер лигата.

Ваквата пресуда, ножно не значи дека повторно ќе се формира Суперлигата, туку само дека тоа треба да се дозволи во иднина. Основачи на Суперлигата се челниците на моќните европски клубови Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Тие ја тужеа УЕФА за конфликт на интереси. Тврдат и дека УЕФА и ФИФА имаат незаконски монопол на организацијата на сите фудбалски натпреварувања. Ова зачи дека проектот наречен европска Суперлига повторно е жив.

Барселона и Реал на тој начин можат да добијат една милијарда евра судска отштета. Неизмерно е колку тоа би им значело, особено на Барселона, која е во финансиски хаос веќе неколку години.

Суперлигата е замислена како натпреварување на најсилните фудбалски клубови во Европа. Во моментот на неговото формирање, наводно биле контактирани околу 60 клубови кои би можеле да учествуваат во него. Но, во лигата, барем во првиот ранг, би се натпреварувале дваесетина од нив.

Проектот Суперлига брзо беше погребан со жестоката реакција на УЕФА која се закани со санкции. Протестираа и навивачите на кои им беше незамисливо да постои независна лига во која клубовите не можат да испаѓаат или да влезат во неа.

Првично идејата за Суперлигата ја поддржаа покрај Реал, Барселона и Јувентус и Интер, Милан, Атлетико Мадрид, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.

Scroll to Top