Познати се позициите кои ќе ги имаат тимовите на ждрепката за Лигата на шампионите. Комплетната листа на учесници ќе биде позната вечерва кога ќе се одиграат реваншите
Динамо Загреб – Бодо Глимт (0:1), ПСВ Ајндховен – Глазгов Ренџерс (2:2), Трабзонспор – Копенхаген (1:2).
Ждрепката за групната фаза е во четврток од 18:00 часот во Истанбул, а сосема очекувано не очекуваат неколку групи на смртта.
Вториот шешир делува дека е посилен од првиот, додека во третиот има неколку опасни екипи: Борусија Дортмунд, Интер и Наполи.
Доколку успее да го исфрли Бодо и да ги надомести 0:1 од првиот натпревар, Динамо Загреб, на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, ќе заврши во четвртиот шешир.Во овој шешир ќе оди и Трабзон на Енис Барди.
Распоредот на шеширите:
Прв шешир: Реал Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт, Манчестер сити, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто, Ајакс
Втора шешир: Барселона, Атлетико Мадрид, Севилја, Ливерпул, Челзи, Јувентус, РБ Лајпциг, Тотенхем
Трета шешир: Борусија Дортмунд, Интер, Наполи, Шахтјор, РБ Салцбург, Бенфика, Спортинг Лисабон, Баер Леверкузен.
Четврти шешир: Марсеј, Клуб Бриж, Селтик, Макаби Хаифа, Викторија Плзен, Динамо или Бодо, ПСВ или Ренџерс, Трабзонспор или Копенхаген.