Top Sport

Познати сите осминафинални дуели на Африканскиот куп на нации (видео)

По одигрувањето на последното коло во групата Е на Африканскиот куп на нации, познати се сите 16 репрезентации кои обезбедија пласман во нокаут фазата.

Мали со голот на младиот фудбалер на РБ Лајпциг, Амаду Хајдара ја совлада репрезентацијата на Ангола за да го потврди првото место на табелата, додека Тунис со третото реми во низа, овојпат со 0:0 против Мавританија го освои второто место. Третото место на Ангола не беше доволно за пласман понатаму и на нивно место оди третопласираната репрезентација од групата Д, Јужна Африка.

Во осминафиналето има неколку интересни дуели , од кои секако најинтересната е пресметката на двете традиционално најсилни репрезентации од црниот континент, Нигерија и Камерун. Ќе биде интересно и на дуелот помеѓу Гана и Тунис, додека Јужноафриканците не треба многу да се радуваат бидејќи налетуваат на расположениот Мо Салах и домаќинот Египет.

 ГРУПА Е

Ангола – Мали 0:1

Мавританија – Тунис 0:0

Табела: 1.Мали 7, 2.Тунис 3, 3.Ангола 2, 4.Мавританија 2

 

ОСМИНАФИНАЛЕ

Уганда – Сенегал

Мароко – Бенин

Мадагаскар – ДР Конго

Гана – Тунис

Мали – Брег на Слонова Коска

Алжир – Гвинеја

Нигерија  – Камерун

Египет – Јужна Африка

Scroll to Top