Денеска во рамките на 11. коло од шпанската Ла Лига се игра едно од најголемите светски дербија меѓу Барселона и Реал Мадрид, а Чави Ернандез и Карло Анчелоти ги објавија почетните состави.
Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид се игра во несекојдневен термин за вакво големо дерби, бидејќи од 16:15 часот ќе ја следиме пресметката на лутите ривали.
Карло Анчелоти изненади многумина бидејќи на речиси два часа пред почетокот на мечот го објави составот на Реал, што ретко се гледа во фудбалот.
Од друга страна, Чави ги откри своите карти за Ел Класико на еден час пред почетокот на мечот, а јасно е дека двата тима ќе играат со најсилните состави кои во моментов ги имаат на располагање.
Исто така, Чави ги изненади сите со тоа што реши да го стави Араухо на десен бек за да го запре Винисиус, додека Кансело треба да игра на десно крило. Исто така на клупата остана неодамна опоравениот Роберт Левандовски.
Но, кога Реал го објави составот, се виде дека се оствари кошмар за Лука Модриќ, кој нема да го започне ниту овој натпревар од Ла Лига од првата минута, а искусниот хрватски репрезентативец својата шанса ќе ја чека од клупата за резервни играчи.
- Барселона: Тер Штеген, Кансело, Араухо, Мартинез, Кристенсен, Балде, Гундоган, Фермин, Гави, Жоао Феликс, Феран Торес.
- Реал Мадрид: Кепа, Рудигер, Алаба, Менди, Чоамени, Валверде, Крос, Белингем, Родриго, Винисиус Јуниор.
Минатата сезона Барселона и Реал имаа пет пресметки во кои каталонскиот клуб имаше три победи, додека Реал два пати.
Претходниот натпревар кој Барселона го одигра на домашен терен заврши со резултат 2:1 во корист на Каталонците, но во последното Ел Класико одиграно на 5 април во полуфиналниот натпревар од Купот на кралот, тимот од Мадрид ја понижи Барса на Камп Ноу. со победа од 4:0.