ФИФА покренала истрага против Хрватската радио телевизија (ХРТ), откако во Меѓународната федерација добиле информација дека биле продавани билети „на црно“ за финалниот меч на Светското првенство во Русија.
Како што известиле од ФИФА, од Здружението на националните телевизии во Европа (ЕБУ), биле известени дека влезниците што според сериските броеви и припаѓале на ХРТ, биле понудени на продажба.
Поратлот „Индекс“, пишува дека влезниците не биле продадени на црниот пазар, бидејќи ФИФА ја стопирала целата трансакција. Според истиот извор, биле блокирани четири влезници.
ЕБУ побарале објаснување од ХРТ, каде биле шокирани бидејќи не знаеле дека некој од нивната куќа побарал и добил влезници. Неофицијално, на црниот пазар, влезница за финалето помеѓу Хрватска и Франција се продавала и по сума од околу 20.000 евра.
Интерната истрага на ХРТ покажала дека во име на националниот сервис, неколку месеци пред почетокот на Светското првенство биле побарани 40 влезници.
„Индекс“, пишува дека во ХРТ не знаеле дека некој барал влезници, туку дек ФИФА и ЕБУ дознале дека влезниците ги добиле коментаторот Драго Чосиќ и меѓународниот координатор Саша Дедиќ.
Наводно, во ХРТ веќе започнале со дисциплинска постапка против двајцата вработени. Постапката може да заврши со отказ за Чосиќ и Дедиќ.
Пзнатиот коментатор Драго Чосиќ не сакал да коментира ништо на оваа тема.