Top Sport

Пречек за хероите од Бари, но без Панчев и Просинечки (галерија+видео)

Пред стартот на првиот меч на Црвена звезда од Лигата на шампионите против Наполи, пред 50-тината илјади гледачи се појавија дел од фудбалерите кои во 1991 година го кренаа европскиот трофеј во Бари.

Жељко Калуѓеровиќ, Ивица Момчиловиќ, Горан Василиевиќ, Владан Стошиќ, Слободан Маровиќ, Рефик Шабанаџовиќ, Илија Најдоски, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ, Дејан Савиќевиќ беа заедно со тренерот Љупко Петровиќ, претседателот Светозар Мијаиловиќ и спортскиот директор Драган Џаиќ.

Сепак, стрелецот на победничкиот гол, македонскиот голгетер Дарко Панчев не беше присутен, заедно со Стеван Стојановиќ, Владимир Југовиќ, Роберт Просинечки, Душко Радиновиќ и Владимир Лукиќ.

Scroll to Top