Top Sport

Битолското дерби за Еурофарм

Пелистер и Еурофарм Работник го одиграа првото битолско дерби во новата сезона на Суперлигата, во кое тимот на Еурофарм стигна до убедлива 33:22 победа.

Од почетокот до крајот на мечот не постоеше неизвесност околу тоа кој ќе биде победникот, и тимот на Чирковиќ доминираше за импресивна победа. Најдобар поединец на мечот секако беше Србинот Ѓукиќ, кој постигна 13 голови, а новото засилување Кузмановски имаше шест гола. Кај Пелистер, кои словеа како домаќин во мечот, најефикасен беше Черубин со 5 гола.

Фото: РК Еурофарм Работник

Scroll to Top