Top Sport

Пред 10 години Меси сам го победи Арсенал (Видео)

На денешен ден пред 10 години Лионел Меси го воодушеви фудбалскиот свет. Сам го победи Арсенал во четврт-финалниот реванш во Лигата на шампионите.

Арсенал на „Ноу Камп“ пристигнаа со резултат 2:2 по првиот меч во Лондон. Надежите дека ќе можат да приредат изненадување против тогаш моќниот состав на Барселона, веќе во првото полувреме, им ги уништи тогаш 23 годишниот Меси.

Аргентинецот постигна хет-трик во првиот дел, а до крајот на мечот постигна уште еден гол во победата на Барслеона 4.1.

Барселона избори пласман во полу-финалето каде на патото и застана Интер предводен од Жозе Мурињо. Интер подоцна го победи и Баерн во финалето во Мадрид и ја освои титулата.

Scroll to Top