Top Sport

Пред 10 години во Јувентус ја утнале со Донарума

Денес со 22 години важи за еден од најдобрите светски голмани, а на 12 години импресионирал на првиот тренинг во дресот на Јувентус. Сепак „црно-белите“ од Торино направиле голема грешка, не го препознале талентот во Џанлуиџи Донарума иако легендата на „Старата дама“ – Фабрицио Раванели ги советувал да го задржат.

Следувало премин во Милан каде Џиџи дебитираше на 16 години во Серија А, а подоцна стигна и до капитенската лента.

Во 2011 година кога Донарума дошол на првиот тренинг, на пробата во Јуве ниту едно од децата, негови врсници не можел да му даде гол. Раванели го следел сето тоа и бил сигурен дека младото момче ќе стане класа.

„Јас не му шутирав пенал, инаку ќе постигнев гол“ изјави Раванели за „Тутоспорт“, па раскажал како стигнал воопшто да ги следи игрите на младиот Џиџи.

Тој раскажува дека скаутите на Јувентус го забележале и испратиле јасна порака за негово ангажирање. Беше висок, силен, еластичен, по многу што откскокнуваше со врсниците, вели тој.

„Се сеќавам на моќно, експлозивно, импресивно момче. Телото кое го има денес како да го имаше и со 12 години. Ги блокираше сите удари. Ниту едно од нашите момчиња не успеа да постигне гол од работ на казнениот простор, па наместивме да фаќаат волеи од пенал. И тогаш ретко примаше голови. Сите ги остави без текст“ вели Раванели кој рекол Донарума да го задржат во Јувентус.

„Сега е лесно тоа да се рече, но уште тогаш на тренерот на голманите му предложив да го доведеме. Знаев дека ќе стане вистински врв“ вели Раванели.

Подоцна Донарума се пресели во младинската школа на Милан и го продолжи развојот, а тренерот Синиша Михајловиќ на 16 години го стави во првиот тим.

Scroll to Top