На денешен ден пред 21 година, Роналдо Назарио, според многумина најдобриот и најталентираниот фудбалер на сите времиња, ја доживеа страшната повреда на коленото, која ќе стави крај на блескавата кариера.
„Ел Феномено“ постојано мачеше мака со повреди, но таа која ја доби во 2000 ја смени неговата кариера. Бразилецот влезе во игра за Интер против Лацио во меч од Копа Италија и се обиде да направи еден од неговите препознатливи потези, но падна на тревата со болна гримаса на лицето.
Тоа беше прв меч на Роналдо по пауза од пет месеци поради скинати лигаменти во коленото, а повредата потоа стана посериозна, целосно кинејќи ги неговите жили во коленото. На снимката се гледа како фудбалерите на Интер и Лацио трчаат кон Роналдо по неговата повреда. Дури препознатливо бурната публика на „Олимпико“ аплаудираше кон Бразилецот. Подоцна, неговиот физиотерапевт изјави дека тоа е најлошата повреда која ја видел.
Роналдо ќе се врати на фудбалот во септември 2001, и иако ја врати фантастичната форма, веќе ја немаше таа експлозивност.
12th April 2000
Ronaldo returns to the field after a long injury break. 6 minutes in, he tries a stepover and crack goes the knee again. He leaves the field in tears, the Olimpico remains quiet after that moment…
?: @90ordnasselA pic.twitter.com/lozEz9tqNx
— Uncle Sharma (@RSharmzz) April 12, 2020