Top Sport

Шарди: Жал ми е што се вакцинирав, поминувам низ пекол!

Францускиот тенисер Жереми Шарди (34) кој пред 8 години беше 25-ти светски тенисер објави дека на неодредено време ја прекинува тениската кариера. Тој наведува дека причина за ваквата негова одлука е болката во целото тело што ја чувствува откако се вакцинирал против Ковид 19.

„Се вакцинирав во август, меѓу ОИ и САД опен. Го направив тоа иако не бев обврзан, сакав да направам нешто добро за човештвото. Меѓутоа, откако ја примив вакцината поминувам низ пекол. Било каков физички напор ми носи неподнослива болка, не можам да тренирам, не можам да играм. Бев на детални прегледи кај двајца доктори, но тие не ми најдоа никаква повреда или болест, а јас знам дека почетокот на тие ужасни болки почнаа по вакцинацијата. Знам затоа што по Игрите во Токио се чувствував добро“ изјави Шарди за „АФП“.

„Завршив со играњето тенис годинава, а со оглед на своите години, не исклучувам дека ова може да е крај на кариерата“ изјави моментно 73-от светски тенисер.

Scroll to Top