Лионел Меси асистираше, а Хулијан Алварез даваше голови. Тие заедно синоќа ја одведoа Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар.
А, пред десет години, младото момче Хулијан имаше огрпмна желба да се фотографира со неговиот идол Меси. Успеа да дојде до него и да добие фотографија за спомен.
Една деценија подоцна, тој го живее својот сон и игра заедно со Меси во репрезентацијата на Аргентина.